Ресен ќе биде прва општина во Македонија комплетно покриена со Оптика до дома

Ресен во 2019 година ќе биде прва општина во Македонија комплетно покриена со Оптика до дома

Поради се поголемата потреба од брз интернет "Канал 16" веќе 6 години, а официјално од 1.02.2013 во "Канал 16" ја имплементиравме најновата технологија Оптика до дома до сите наши крајни корисници.
За разлика од другите оператори ние несебично ги завршивме и најмалите населени места во Општина Ресен и каде немаше економска оправданост.
Во моментов имаме покриеност од 70%на целата Општина Ресен со FTTH.
Привилегија е користење на Оптика до дома кај други оператори, додека во "Канал 16" е секојдневие.
Со секојдневна динамика на миграција на нашите корисници на Оптика до дома, крајот на 2019 ќе го завршиме процесот и официјално Општина Ресен ќе го има најбрзиот интернет во Македонија со најнова технологија FTTH.